Вести
Во Скопје утринава минус пет, во сабота ќе врне снег
Во Берово изутринава во седум часот се измерени минус 7 степени Целзиусови, а во Скопје Петровец, Битола и Лазарополе минус 5. Во Тетово се регистрирани минус 4 степени, во Крива Паланка, Куманово, Претор, Демир Капија, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 3, во Скопје Зајчев Рид и во Охрид минус 2, а минус 1 во Виница….
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.
Температурата ќе достигне од 8 до 16 степени, а во повеќето котлини околу 10 степени. Утре ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.



