Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Евакуиран трговски центар, материјални штети по продавниците и домовите на граѓаните

Актуелно

Евакуиран трговски центар, материјални штети по продавниците и домовите на граѓаните

По силниот земјотрес кој попладнево го потресе Скопје граѓаните на социјалните мрежи поставуваат фотографии од штетите од силното тресење, кое според неофицијалните информации било со јачина од 5,2 степени, на длабочина од само 4 километри, со епицентар во близина на Стајковци, слично како земјотресот од утрината.

Поради силниот земјотрес беше евакуиран трговскиот центар Капитол Мол.

Според информациите објавени на дел од порталите, големиот потрес придонел за мала материјална штета низ продавниците.

529942-local-1

Материјални штети како скршени прозорци, испукани ѕидови, паднат дел од фасади на згради и уништени автомобили пријавуваат и граѓани низ социјалните мрежи.

Засега нема информации од институциите поврзано со земјотресот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.