Актуелно
Повторно силен земјотрес во Скопје!
Силен земјотрес кој според неофицијалните информации бил со јачина од 5.4 степени го потресе Скопје! Земјотресот ги вознемири скопјани кои ги напуштија своите згради, а истиот бил почувствуван и во останати делови од Македонија.
Граѓаните јавуваат дека во делови од Скопје е исклучена струјата, а поради тоа настанува и проблем со сигналот во мобилната телефонија и интернетот.
Подетални информации очекуваме од институците.




