Вести
Европа ја очекува најстуден декември во последните седум години
Најстудениот декември во последните седум години ќе го расипе просекот на една од најтоплите години во Европа досега, проценуваат светските метеоролози.
Првата половина од месецов ќе биде невообичаено студена, пред температурите малку да се зголемат и повторно да го достигнат нормалното ниво за овој период од годината.
– Времето во декември оваа година сепак може да биде најстуденото кое е досега забележано уште од 2010 година, поради студениот бран кој пристигнува од Исланд и северниот дел на Русија, а со помош на арктички ветрови ќе се прошири низ цел континент, истакна Тајлер Рос, метеоролог во компанијата „Акуведер“ во Пенсилванија.



