Вести
Дождот и натаму го зголемува водостојот на реките
Метеоролозите и за денеска прогнозираат врнежи, особено во западниот дел на Македонија, со што земјава трет ден ќе биде зафатена од дожд, кој веќе предизвика зголемување на водостојот на реките и го отежна сообраќајот на неколку патни правци.
Според последните информации на Управата за хидрометеоролошки работи водостоите на реките низ земјава остануват високи, локални излевања се можни во горниот дел од сливот на реката Вардар во Полошкиот регион, во сливот на реката Треска околу месноста Пласница, како и на поедини места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна.
Поплавување на подвозникот во висина од еден метар е регистрирано вчера во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.


