Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СЈО ТАПКА ВО МЕСТО: УБК не соработува, Чавков вели дека е неопходен експерт за системите

Актуелно

СЈО ТАПКА ВО МЕСТО: УБК не соработува, Чавков вели дека е неопходен експерт за системите

Специјалната обвинителка Катица Јанева ноќеска во 1 часот по полноќ изјави дека и по 12 часа откако со нејизните соработници дошле во Управата за безбедност и контраразузнавање со судски налог, не наидуваат на соработка и истрагата е  на мртва точка.

Не само вечерва, рече Јанева, туку ако треба и до јануари нема да замине од УБК, сè додека не ги добие доказите кои се потребни.

Јанева информира дека директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и рекол дека е присутен во УБК затоа што се грижи за полицајците што се таму. Според неа, дополнителниот заменик министер Оливер Андонов дошол, но покажал целосно непочитување кон обвинителите од СЈО.

– Со судска нареба по наше барање, бараме да ги обезбедиме сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК, а кои биле предмет на прислушување, за кои се сомневаме дека се наоѓаат во моменталните системи. Наша цел е да ги обезбедиме тие податоци, да видиме дали навистина тие податоци се таму и понатаму што можеме да утврдиме од тие податоци. Од досегашното постапување, УБК не само што не манифестираше волја, туку манифестираше недостиг на технички и човечки капацитети. Не сакаме да инсинуириме кои се мотивите за тоа. Разочарани сме што државна институција нема ниту технички ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба за да може да пристапиме во системите за прислушување. Буквално тапкаме во место, немаме резултати, рече обвинителката Ленче Ристовска.

– Товарот е на страна на УБК, тие треба да ги обезбедат условите за ние да ги обезбедиме доказите, рече обвинителката Ленче Ристовска.

Пред МВР половина час подоцна излегоа и дополнителниот заменик министер Андонов, директорот на БЈБ Чавков и директорот на УБК Владимир Атанасовски и ја обвинија специјалната обвинителка и нејзиниот тим дека се нестручни и оти во УБК дошле неподготвени со што може да предизвикаат упад во системот за следење на комуникации во тековни активности.

Директор на УБК Владимир Атанасовски посочи дека вработени на Управата остануваат на работното место и е убеден дека соработуваат со СЈО.

– Со барањето се опфатени мерки за следење на комуникации во период од 2008-ма до 2015-та, а проблем во системот и прекин на работата може да предизвика тоа што не може да се изделат следењата кои се почнати пред крајниот рок на барањето, а сѐ уште се активни, тврди Атанасовски.

Според Чавков, постојат огромни ризици за системот ако нестручно се манипулира и дојде до прекин.

– Во периодот од 2008 до 31.12.2015 постојат актуелни посебни истражни мерки кои се спроведуваат во различни области на криминал, меѓу кои и тероризам. Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија, истакна Чавков.

Тој информира дека од СЈО поднеле барање некаде околу 20 часот до операторот, односно до „Ериксон“, за тие да дадат овластување на нивниот претставник во Македонија да оствари пристап до системот кој е во сопственост и администрирање на операторот.

– Доколку тие обезбедат експерт, стручно лице кое што ќе може да ги извлече сите тие податоци и пак ќе повторам не „имиџи“, зошто Катица Јанева употребува термини кои што не и се познати, туку експорт на сите тие податоци кои што ги бараат, едноставно можноста ја имаат ако сега успеат да ги извадат, сега да ги извадат, но видоа дека не се подготвени и не е тоа едноставно да се реализира, заклучи Чавков.

Чавков објасни дека припадници на единицата Алфа биле распоредени во околината на МВР, а во 14:30 се распоредиле пред УБК. Најави дека во текот на утрешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.

– Разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и после моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков.

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 11 часот најави прес-конференција на која најави дека ќе објави две нови истраги кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.