Актуелно
ФОТО: Од август граѓаните ќе се возат со нови модерни електрични возови
Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници Транспорт“ ад Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ.
Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час, јави известувачот на МИА. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои според министерот Мисајловски, треба да пристигнат до јануари следната година.




