Актуелно
Од утре бесплатни прегледи и совети за топлото време
Во најризичниот период од 11 до 17 часот да се одбегнува физичка активност, да не се излегува на отворено на директна изложеност на сонце, да се употребува лесна храна, да се пијат повеќе течности, да се носи лесна облека, заштита на главата, постарите лица редовно да ја земаат својата терапија.
Доколку граѓаните мора да излезат на сонце, да се практикува пауза или одмор под сенка или во некоја климатизирана просторија, а со себе да се носи вода.
Ова се препораките од Министерството за здравство по најавата дека во текот на утрешниот ден во целата држава сите региони ќе влезат во жолта фаза со температури од 34 до 40 степени, а се очекува овие високи температури да продолжат и во наредните денови.


