Актуелно
ФОТО: Пуштен во употреба нов парк во општина Аеродром
Во присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и голем број граѓани, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска и официјално го пушти во употреба деветиот нов парк во општината кој се наоѓа спроти „Мајчин дом“.
Паркот, информира Коневски, е изграден на површина од околу 3.000 метри квадратни, со повеќе содржини како што се пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.
– Целокупната инвестиција чини околу 30 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на општина Аеродром, изјави градоначалникот Коневски.



