Актуелно
ФОТО: Се нормализира животот во кумановската Дива населба
Вообичаена понеделнична раздвиженост е забележлива претпладнево во Куманово и населбата Тоде Мендол.
Утрово отворен е и дел од Зелениот пазар во кумановската дива населба којшто во последниве 28 часа беше затворен и од каде беше блокиран пристапот кон Тоде Мендол и од каде што се евакуираа најголемиот дел од локалното население.
Закупците на тезгите велат дека и покрај ситуацијата што му се случи на Куманово животот и работата мора да продолжат нормално да се одвиваат. Отворени се и маркетите, како и сите аптеки во населбата која има околу 10.000 жители и која беше во центарот на вниманието на сите домашни и странски медиуми.



