Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Во Соборниот храм Архиерејска златоустова литургија по повод Божик
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик се одржа Архиерејска Златоустова Литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската правослвна црква- Охридска Архиепископија г.г. Стефан.
На литургијата присуствуваа претседателот на државата Ѓорги Иванов со сопругата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со сопругата и претседателот на Владата Никола Груевски, како и многу верници.
По повод Божик, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!









