Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Зголемена свеста за превенција од рак на дојка
Свеста е таа што, преку постојано едуцирање и информирање, ги води жените кон превенција од рак на дојка, негово рано откривање и успешно лекување, порачаа учесниците на денешната 7. традиционална прошетка „Напред розово“ што ја организира Здружението „Борка – за секој нов ден“ во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.
– Секој чекор што го правиме ние самите, е наш личен чекор, но кога чекориме заедно, тогаш ја даваме нашата безрезервна поддршка на оние што им е најпотребна – на заболените од рак на дојка, рече Маја Иванова, спопругата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, која заедно со американскиот амбасадор Џес Бејли беше дел од „Напред розово“.
Иванова, како што истакна, неколку години по ред ја поддржува оваа иницијатива преку која „Борка“ го величи животот и го слави здравјето, придонесувајќи со тоа за квалитетен и достоинствен живот на сите заболени од рак на дојка.







