Актуелно
Фрлени 185 тони сол на улиците и булеварите во Скопје
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Како што информира денеска Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.



