Актуелно
Фронтекс наредната недела ќе дојде на грчко-македонската граница
Припадници на Фронтекс следната недела ќе бидат распоредени на границата меѓу Грција и Македонија, за да помогнат при регистрација и земање отпечатоци на бегалци и мигранти, соопшти портпаролката на Европската комисија за миграциски прашања Наташа Берто.
– Грција во петокот ни потврди две работи: едната беше финализирање на оперативен план со Фронтекс за распоредување на агенти на копнената граница со Македонија – ова од следната недела, изјавила Берто за грчката новинаска агенција АНА-МПА.
Таа истакна дека Фронтекс ќе одлучи и ќе ја каже точната бројка на луѓе кои ќе бидат распоредени.


