Актуелно
ИЗБОР НА МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Топ 10 најомилени македонски производи
Резултатите од анкетата што ја спроведе изминативе денови порталот „Факултети.мк” покажа дека убедливо најомилен македонски производ се Стоби флипс на компанијата „Витаминка”. Во анкетата учествувале точно 731 испитаник.
Анкетираните имаа можност да наведат кои им се трите најомилени македонски производи, како и да образложат зошто токму нив ги избираат.
Очекувано, најмногубројни се прехранбените производи, а помалку се застапени и производи од македонската текстилна и чевларска индустрија.


