Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гласањето во Аеродром продолжува, гласачот по грешка во иста кутија ставил две ливчиња

Вести

Гласањето во Аеродром продолжува, гласачот по грешка во иста кутија ставил две ливчиња

На едно избирачко место во општина Аеродром имало прекин во гласањето, откако еден гласач кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, а кога ги ставал во гласачките кутии кај себе имал само три, потврдија од Државната изборна комисија.

Од ДИК контактирале со претседателот на Општинската изборна комисија во општина Аеродром кој ги информирал, по што повикале полиција и било утврдено дека гласачот бил повозрасен човек, кој две од ливчињата по грешка ги ставил во една кутија, така што немал ливче да стави во последната гласачка кутија.

Во врска со овој настан бил направен и записник. По ова гласањето на избирачкото место во општина Аеродром продолжило.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.