Вести
ДИК: Излезноста до 10 часот во Македонија е 8,98 проценти
Излезноста до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територијата на Македонија е 8,98 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
По општини најмала излезност е забележана во Врапчиште 3,51 процент, а најголема во Демир Капија од 19,15 проценти.
На територија на Град Скопје излезноста изнесува 9,56 проценти.



