Вести
Градот Скопје се подготвува за новогодишните празници
Новогодишен базар што ќе трае 15 дена, а во текот на викендите приредби за најмладите, но и концерти, забава и рекреација за возрасните, предвидува Град Скопје за претстојните новогодишни празници.
Проектот е замислен преку изведба на штандови наполнети со топли пијалпци, храна, книги и новогодишни играчки и украси да ја долови и доближи соодветно новогодишната еуфорија.
За таа цел, како што објаснуваат од Градот, преку оградена снежна зона со вештачки снег ќе се забавуваат најмалите посетители. Ќе биде поставено и пластично игло каде што ќе има различни активности додека траат настаните, вклучувајќи и работилници за деца од претшколска возраст. Децата ќе можат да се возат бесплатно на новогодишното вовче низ штандовите.



