Вести
Хантан вирус причинител за смртта на пациентите од Симница, состојбата под контрола
Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс – Хантан вирус, изјави попладнево министерот за здравство Арбен Таравари.
Се работи за вирус кој е најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион, кој не се пренесува од човек на човек.
Таравари, кој ја извести јавноста преку видеобраќање од САД каде е во работна посета, нагласи дека се работи за подобрата варијанта на хантан вирусот кој, за среќа, не се пренесува од човек на човек, туку се пренесува само од глодари. Двајцата починати татко и син од гостиварското село Симница најверојатно го презеле вирусот преку храна движејќи се на терен каде имало глодари.



