Вести
Коњаниците од Горно Лисиче тргнуваат за Крушево
Дваесеттина коњаници од Горно Лисиче денеска ќе го почнат 39. „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево.
Маршот почнува попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Придружувани од фаланга од дваесетина членови и играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Пред нивното свечено испраќање, во црквата ќе се одржи свечена литургија на која свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.



