Вести
Македонија од утре под снег
Постудено време со врнежи од снег утре ќе ја зафати целата територија на Македонија. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови, особено во западните и јужните делови.
Како што информираат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см. Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.
Во вторник се уште ќе има слаби врнежи од снег само во западните делови од земјава.


