Вести
Инцидент на гласачко место во општина Аеродром, лицето приведено
Дваесет и двегодишен скопјанец денеска го нарушил јавниот ред и мир на гласачкото место во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. Тој навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници.
Како што соопшти МВР, лицето е приведено во Полициската станица Аеродром и е утврдено дека се работи за К.Ж. (22) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.



