Вести
Истекува рокот за составување на нова влада
Рокот за составување на нова влада истекува денеска на полноќ откако на 9 овој месец претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на партијата која на предвремените парламентарни избори освои најмногу гласови.
Демократската унија за интеграција се очекува денеска да донесе конечна одлука дали ќе партиципира во извршната власт. Претседателството на партијата до доцна синоќа на седница во Мала Речица ги разгледуваше сите пет опции – коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да се оди во опозиција или на нови избори.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи доцна синоќа најави дека седницата на Претседателството ќе продолжи денеска.


