Актуелно
Изгоре македонската православна црква „Воскресение Христово“ во Австралија
Македонската православна црква „Воскресение Христово“ која се наоѓа Рокдејл, Сиднеј, Австралија изгоре во пожар, кој избувнал на Велигден.
Во гаснењето на пожарот учествувале неколку пожарникарски возила. Австралиските медиуми јавуваат дека двајца пожарникари се повредени во гаснењето на пожарот. Навреме бил евакуиран и Домот за стари лица, што се наоѓа во близина на црквата.
Црквата е во надлежност на епархијата во Австралија со која раководи, митрополитот Петар и се наоѓа во непосредна близина на најголемата црква „Света Петка“.


