Актуелно
Изминатиот викенд се случиле 34 сообраќајки во Скопје
Вкупно 34 сообраќајни незгоди се случиле во изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје. Во нив со повреди се здобиле четворица пешаци и патниците во возилата, а причинета е и материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден се случиле 14 сообраќајки во кои четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи, еден сопатник и еден пешак.
Во саботата сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни незгоди од кои во шест биле повредени четворица возачи на патнички возила, шест сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на трицикл.



