Актуелно
Најстудено во Берово, Петровец, Битола и Демир Капија
Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Берово, минус шест степени целзиусови, а минус пет степени во Скопје – Петровец, Битола и Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Четири степени под нулата се регистрирани во Струмица и Дебар, минус три во Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, Штип и Маврово, минус два во Крива Паланка, Виница, Гевгелија и Куманово, минус еден Охрид, Претор, Лазарополе, нула во Дојран, два во Крушево.
Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје слично време со температура до10 степени.



