Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лозано и бендот со двочасовен концерт во Маврово на 2-ри август!

МК Сцена

Лозано и бендот со двочасовен концерт во Маврово на 2-ри август!

Миленикот на публиката, еден од нашите најпопуларни пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано за празникот „2-ри Илинден“ ќе настапи во Маврово.

Поточно, Лозано заедно со својот бенд ќе одржат двочасовен концерт во ексклузивниот ресорт „Радика“, а гости се очекуваат од повеќе градови на нашата земја, со оглед на тоа дека овој познат туристички центар е преполн за овие празнични денови.

-Ова е мој прв настап во Маврово како што паметам и искрен да бидам многу се радувам. Сум пеел скоро во сите градови во Македонија, но ова ќе биде прв настап во Маврово. Јас сум сигурен јас и мојот бенд ќе  дадеме максимум од себе и дека ќе направиме концерт за паметење – накусо изјави популарниот пејач.

Инаку Лозано цело лето има набиена агенда со настапи. Неодамна настапи на „Пиво-фест“ во Прилеп, па на 30-ти јули следува заедничкиот концерт со „Некс Тајм“ на „Антички театар“ во Охрид, па на 2-ри август во Маврово, па потоа Струмица, Кичево, Богданци и уште неколку други градови.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.