Вести
Облачно, а попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.



