Актуелно
Коњаниците в понеделник тргнуваат за Крушево
Илинденскиот марш 2015“ ќе почне в понеделник, во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на коњичкиот марш.
Ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 37-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.



