Актуелно
ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Наредната недела уште потопло со температури над 40 степени!
Уште потопло време со температури и над 40 степени Целзиусови, најавува за наредната недела Управата за хидрометеоролошки работи.
– Македонија од понеделник ќе биде под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури, кои во поголем дел од земјава ќе бидат над 35 степени. Особено топло се очекува кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени, соопшти УХМР.
По денешните максимални 38 степени и УВ индекс 9, синоптичарите и за деновите од викендот прогнозираат слично време, но со можност за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи во западните предели на Македонија.


