Вести
Угостителите месечно собираат 80 тони стаклени шишиња за рециклирање
Над 600 угостителски објекти месечно собираат над 80 тони стаклени шишиња кои завршуваат на рециклирање.
Угостителските објекти се дел од проект на Пакомак чии претставници денеска имаа средба во Скопје, а на која учествуваа и претставници од општините Карпош, Аеродром и Центар кои дадоа поддршка на проектот.
– Задоволство е да се соработува со вакви луѓе кои покажаа голема свесност за важноста да се селектира отпадот. Благодарение на овој проект Пакомак месечно успева да собере над 80 тони стаклени шишиња чија крајна дестинација се фабриките за рециклирање на стакло. Тоа значи над 200.000 шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат шишиња, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.



