Актуелно
Македонци – гинисови рекордери во туркање кола
Александар Чекоров и Александар Смилков и официјално се нови гинисови рекордери во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање кола од двајца луѓе за време од 24 часа“. Новиот рекорд изнесува 95,07 км. Претходниот беше 82,4км и бил поставен во 2008 година од страна на двајца американци.
Стариот рекорд Чекоров и Смилков го срушија 13 и 14 декември минатата година кога во Спортскиот Центар Форца туркаа „Даеву Матиз“.
Тие колата ја туркаа на кружна патека во салата во присуство на седумчлена од АФМ и истакнати спортски работници и спортисти. Настанот беше документиран со 24 часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија. Подршка на настанот обезбедија Македонски телеком и Т-Мобиле, Спортскиот центар Форца, Скопски Маратон, Сојуз на спортови на град Скопје и Горска Вода.


