Актуелно
Македонија под снег – утре нови врнежи и пад на температурата!
На територијата на цела Македонија има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите од дожд се со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу снег до 19 часот наврнало во Лазарополе 30 сантиметри, во Пожаране – 22, во Тополчани – 17, во Тетово 13, во Битола 12, во Ѓуриште 11, во Берово 9 сантиметри, во Прилеп 6, во Крива Паланка и Штип 5, во Виница 4 и во Струмица 3 сантиметри.
Во изминатите 12 часа наврнаа 25 литри на метар квадратен дожд во Струмица, 24 л/м2 во Пожаране, 20 л/м2 во Претор и Берово, 19 л/м2 во Гевгелија и Тополчани, 17 л/м2 воТетово, 16 л/м2 во Лазарополе, 14 л/м2 во Битола и Демир Капија, 13 л/м2 во Штип и Виница, 12 л/м2 во Крива Паланка, 10 л/м2 во Охрид, 9 л/м2 во Прилеп и Ѓуриште, како и 5 л/м2 во Скопје.


