Актуелно
Македонија под топлотен бран, најтопло во јужновардарскиот регион
Територијата на целата држава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, освен Јужновардарскиот регион каде се предвидуваат температури од портокалова фаза.
Како што соопшти Министерството за здравство, согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, препораките од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години денеска ќе важат само за Јужновардарскиот регион, кој ги опфаќа градовите Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и околните населени места.
– Само во овој регион остануваат да важат препораките за портокалова фаза, односно се препорачува на работодавaчите во овој регион доколку изведуваат работи на отворено, да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во овој регион, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, стои во соопштението.



