Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Денеска е Задушница, утре Духовден

Актуелно

Денеска е Задушница, утре Духовден

Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.

Поради Задушница, денеска во перидот од 7:00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“ до паркингот пред гробиштата.

За излез, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.

Сообраќајната полиција најави соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот и кај гробиштата во Ѓорче Петров и Камник.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.