Актуелно
Македонски турист загина, а 38 се повредени во сообраќајка во Турција (ФОТО+ВИДЕО)
Македонски турист загина, а 38 се повредени доцна синоќа во тешка сообраќајна несреќа во близина на турскиот град Едрене.
Загинатиот е 45-годишен маж. Петмина од повредените се наоѓаат во тешка состојба, додека останатите 33 туристи се полесно повредени. Тие се пренесени во болниците во Кешан и Малкара.
Несреќата се случила кога автобусот со македонски туристи, кој се враќал од Истанбул, удрил во задниот дел од камион, кој се движел пред него. По сударот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.



