Вести
Малолетник застрелан во тетовска Палатица – во него пукал друг малолетник
Дете на возраст од 13 години, жител на тетовското село Палатица добило влезно-излезна рана во левата страна од грбот од истрел од пиштол.
Осомничен за нападот е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.
Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.



