Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и ветровито – во петок пад на температурите
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне кога локално ќе има и појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат со слаб и умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во западните краеви. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје слично време со повремен дожд особено попладне и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 18 степени.



