Вести
НОВА ЕВТИНА АВИОНСКА ЛИНИЈА: Од Скопје до Будимпешта два пати неделно со авионите на „Виз ер“
Со пристигнување на авион од „Виз ер“ од Будимпешта на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска официјално е промовирана новата авионска линија Будимпешта–Скопје–Будимпешта.
До унгарската престолнина ќе се патува двапати неделно, односно секоја среда и и секоја недела со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.
Со оваа нова авиолинија, македонските граѓани ќе имаат можност да патуваат не само до Будимпешта туку ќе имаат пристап и до 61 друга дестинација низ Европа кои се достапни преку мрежата на „Виз ер“. Билетите може да се резервираат на wizzair.com почнувајќи од 899 денари.



