Актуелно
Матурантите денеска полагаат мајчин јазик – првиот задолжителен предмет од државната матура
Од денеска до 19 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година. Државниот испитен центар соопшти дека оваа година се пријавени 17643 ученици. Од нив, 8815 се од гимназиско образование, 8550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.
Во сите средни училишта во Македонија денеска ќе се полага мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е задолжителен предмет на испитот државна матура.
Македонски јазик и литература ќе полагаат 11359 кандидати, 5565 албански јазик и литература, а 397 – турски јазик и литература.



