Вести
Времето денес: Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и северозападните делови, но помалку изразено од вчера.
Утринската температура ќе биде од 9 до 16, а дневната од 25 до 32 степена.
Во Скопје слично време со температура од 15 до 31 степен.



