Вести
Матурантите ќе танцуваат квадрил на плоштад „Македонија“
Традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денеска напладне на плоштадот „Македонија“.
На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.
Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.


