Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и потопло со мала облачност – во недела заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.



