Вести
Со звуците на Штраус, матурантите традиционално одиграа квадрил (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје околу 1.000 матуранти го одиграат традиционално танцот квадрил.
Матурантите од Скопје танцуваа истовремено со нивните врсници од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој присуствуваше на манифестацијата, им порача на матурантите во текот на целиот живот да ги задржат ентузијазмот и енергијата која сега ги имаат и да бидат посветени кон се што ќе го работат.



