Актуелно
Матурантите точно напладне ќе танцуваат со порака за ненасилство и толеранција
Насловна фотографија: Емилија Стојменовска / Популарно.мк
Матуранти од Скопје, Охрид и Гевгелија заедно со нивните врсници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора денеска точно напладне ќе го одиграат танцот квадрил во рамките на традиционалната манифестација „Матурска парада 2015“.
Во Скопје, на плоштадот „Пела“ ќе танцуваат околу 800 матуранти од 21 средно училиште, а во Охрид и Гевгелија се очекува да учествуваат 400 матуранти од пет средни училишта.



