Актуелно
Минусни температури утрово во поголем дел од Македонија
Берово, Маврово, Битола, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Штип и Куманово утрово со температури под нулата. Максималната измерена утринска температура изнесуваше 4 степени.
Според мерењата на УХМРМ, најстудено било во Берово минус седум степени, во Маврово се измерени минус три степени, Битола минус два, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе Прилеп, Демир Капија, Струмица, минус 1 во Штип и Куманово, 0 во Скопје, Дебар, Кавадарци, Крушево, еден во Виница, Охрид, Претор, два во Гевгелија и четири степени во Дојран.
