Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Добра вест за моторџиите – ќе плаќаат помали патарини

Македонија

Добра вест за моторџиите – ќе плаќаат помали патарини

Мотоциклистичката Федерација на Македонија изјавува јавна благодарност до ЈП Државни патишта за измена на висината за наплата на надоместок за патарина за мотоциклите, при што мотоциклите се во посебна категоризација со помал надоместок.

– „Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од Европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме. Воедно ве информираме дека ние како Мотоциклистичка Федерација на Македонија продолжуваме во континуитет да работиме на подобрување на состојбите во мотоциклизмот , особено на полето на безбедноста во сообраќајот и интензивно работиме на доближување па се до целосно имплементирање на Европските норми кога е во прашање мотоциклизмот.“ – стои во соопштението.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.