Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје
Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје е значаен хируршки центар кој во услови на пандемија и трансформацијата на голем дел од болничките капацитети во COVID центри, уште поинтензивно ја играше својата значајна улога во јавното здравство.
Стопанска банка АД – Скопје надоврзувајќи се на донацијата на ултразвучниот апарат наменет за хируршки постапки од 2019та година, во рамки на своите заложби за заедницата, денеска иницираше постапка за реализација на донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Клиниката со која се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година безрезервно ги добиваат услугите од Клиниката.
Банката ја поврзува актуелната Наградна игра со платежните картички со оваа донација, сакајќи притоа преку зголемување на безбедните безготовински плаќања да ја подигне свеста за здравствените предности од користење на платежни картички наместо готовина, а како благодарност за масовното учество на клиентите во наградната игра дополнително и да донира во поддршка на здравството. Со тоа, заедницата добива повеќекратна предност, особено во услови на пандемија, преку индивидуалната и колективната грижа која Банката редовно ја поттикнува.





