Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој

Македонија

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој

Преку партнерство со уште осум организации од четири европски земји, винарската визба „Тиквеш“ се вклучи во транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, што ќе се реализира во следните три години, а е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Целта на проектот е да го поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области, како што се: долината Випава во Словенија, Славонија во Хрватска, Тиквеш во Македонија и Хардангер во Норвешка. За остварување на оваа цел на проектот ќе бидат вложени над 1,5 милиони евра.

Конкретно, овој проект се темели на концептот за развој на висококвалитетни земјоделски производи со силен регионален идентитет, како што се виното и сајдерот, со што треба да се придонесе за одржлив локален економски развој, зачувување на традициите, промоција на локалните региони во светски рамки и развој на локалните туристички потенцијали, како и спречување на иселувањето од руралните средини. Ваквиот концепт за развој успешно се применува во развиените земји од Западна Европа, а е резултат на соработката помеѓу науката, бизнисот и локалните институции.

Во конзорциумот што ќе го реализира проектот се вклучени четири врвни истражувачки и академски институции од Норвешка, Хрватска и Словенија, предводени од Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Како претставници на бизнисот, покрај ВВ „Тиквеш“, во проектот е вклучена и Асоцијацијата за сајдер од Хардангер, Норвешка, а локалните власти се претставени преку општината Ајдовчина од Словенија, градскиот совет на Хардангер од Норвешка и локалната агенција за развој на Пожега од Хрватска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.