Во недела ќе се одбележат 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир
Во недела, на 18 октомври 2020, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.
Што се однесува до програмата на централната прослава која што ќе се одржи во недела, на 18 октомври 2020, со почеток во 9:00 ч., ќе започне со Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, а по завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.
Од страна, пак, на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.




